Close

Дом за Нега на стари лица Жана Неготино

Професионален тим посветен да овозможи достоинствена старост на нашите корисници, да внесе радост во нивниот живот, да бидат среќни и задоволни од миговите поминати во нашата установа

Испратете ни порака

Комплетен пакет на услуги

Долгогодишно искуство во областа на социјалната заштита на старите лица, со капацитет од 98 легла.

Еден од првите приватни домови за нега на стари лица во Македонија, кој нуди врвни професионални услуги

Формулар за прием

ДОМ Жана Неготино обезбедува повеќе категории на услуги

Долгогодишното искуство во областа на социјалната заштита на старите лица и долгогодишното постоење на ДОМ Жана Неготино, укажа на потребата од воведување на два типа на пакети за нега. Првиот пакет е основен пакет, а вториот е комплетен пакет.



ОСНОВЕН ПАКЕТ НА УСЛУГИ

Основен пакет на услуги во цената ја вклучува терапијата на корисниците која е на позитивната листа на Фондот за здравствени услуги. Останатите лекарства ги набавува згрижувачот или врши доплата за набавка на лековите кои се плаќаат приватно.

КОМПЛЕТЕН ПАКЕТ НА УСЛУГИ

Комплетен пакет на услугиво цената ја вклучува терапијата на корисниците која е на позитивната листа на Фондот за здравствени услуги и приватната терапија.

Во цената на основниот и комплетниот пакет на услуги во установата, не е вклучено болничкото лекување во други здравствени установи и транспортот кој се врши надвор од градот Неготино

Социјален живот на корисниците

Покрај здравствениот аспект, особено внимание посветуваме на социјалниот живот на корисниците кои престојуваат во установата. Се стремиме нивното слободно време да го поминуваат на организиран начин, применувајќи го принципот на Активно стареење. Во установата организираме голем број активности на дневно ниво кое опфаќаат најразлични едукативни и креативни работилници за заедничко дружење. Во установата ги одбележуваме сите државни и верски празници, имендени на нашите корисници и нивните родендени.

Секојдневниот живот на корисниците, роденденски забави и празници

За Нас

Долгогодишно работно искуство во областа на активната нега, здравствената заштита, медицинската нега, третман на здравствени состојби кои бараат  надзор, помош, нега и грижа од друго лице.

За домот

Нашиот професионален тим е посветен да овозможи достоинствена старост на нашите корисници, се труди да внесе радост во нивниот живот и придонесува да бидат среќни и задоволни од животот што го поминуваат во нашата установа. 

Дом за нега на стари лица Жана Неготино е еден од првите приватни домови за стари лица во Македонија кој нуди професионална грижа и врвна нега на старите лица. 

Во оваа установа златните години од својот живот ги поминуваат многу лица од разни краеви од државата. Нашиот тим на професионалци е присутен 24 часа во текот на сите денови во годината, да им овозможи престојот да им биде исполнет и долготраен а, корисниците да бидат задоволни.

Услуги
  • Психо-социјална поддршка
  • 24 часовна медицинска заштита
  • Професионална нега за оддржување на личната хигиена
  • Исхрана согласно здравствената состојба на корисниците
  • Соодветна грижа за облеката на корисниците
  • Оддржување на хигиената на просторот каде што престојуваат корисниците и заедничките простории.
  • Редовни посети од доктори по општа медицина и повремени посети од доктори специјалисти согласно здравствените потреби на корисниците.
  • Прошетки во природа, роденденски и именденски забави, празување државни и верски празници
Времеплов
  • ДОМ-ЖАНА Неготино е основан во 2000 година и до ден денес работи успешно со повеќекратно проширување на капацитетот
  • Во 2012 капацитетот на згрижување беше проширен за дополнителни 15 легла
  • Во 2017 година направено беше дополнително проширување на постоечкиот капацитет и истиот изнесуваше 51 легло
  • 2019 – Нов објект по светски стандард. Поради зголемениот интерес за згрижување, во 2018 година се започна со проширување на капацитетот за дополнителни 47 легла во новоизграден објект кој е поврзан со веќе постоечкиот објект. Новиот објект почна со работа во Март 2019 година.

Сместувачки Капацитети

Дом ЖАНА располага со 98 легла, по најсовремени параметри за нега на стари лица. Собите се двокреветни и трокреветни. Секој кревет е со медицински душек и со механизам на подигање. Секоја соба има свој санитарен чвор, ТВ приемник и потребен мебел. Објектот е снабден со соларен систем, резервоар за вода и парно греење.

Домот располага со пространи соби за дневен престој, каде згрижените лица го поминуваат поголемиот дел од денот во зимскиот период, додека пак во летниот периот на располагање е прекрасно уредениот двор и терасите кои нудат непречен поглед кон градот и околината.

Зградата поседува неколку лифтови, преку кои неподвижните лица, со помош на медицински колички и помагала можат брзо и без потешкотии да бидат пренесени на различните нивоа на домот, дневниот престој, трпезаријата како и во дворот и терасите.

Пералната овозможува секој дел од гардеробата и постелнината  да биде уреден, чист и испеглан. Нашата кујна функционира по принцип на оброк според здравствена состојба и потребите на корисникот. Опремени сме со современи апарати за физикална терапија како и ортопедски помагала.

Терапија

Носители на здравствената заштита: лекар, дипломирани медицински сестри и медицински сестри техничари. 

Се дава комплетна медикаментозна таблетарна, ампуларна и инфузиона терапија

Третман

Третман на рани од секаков тип (постоперативни, декубитални и останати) по сите методи и постапки.

Програма за физикална терапија од физиотерапевт во корелација со доктор Физијатар


24/7 Нега

Тим составен од медицински стручни лица, лекар, медицински сестри, обучени негувателки и друг обучен помошен персонал кои овозможуваат 24-часовна здравствена заштита.

Покриени сме со потребна апаратура: инхалатор, аспиратор, ЕКГ апарат, кислородни боци и останата пропратна апаратура




Соработка

Одлична надворешна соработка со доктори специјалисти од најразлични специјалности достапни 24 часа.

Сопствена Поликлиника со тројца доктори, Специјалистичка хируршка амбуланта, комплетно опремена лабораторија и Стоматолошка амбуланта

Контакт


 

Потребни документи при прием
  • Здравствена легитимација
  • Електронска здравствена картичка
  • Медицинска документација за корисникот на услуги
  • Извод на родени за корисникот на услуги (можност и дополнително да се достави)
  • Лична карта на корисникот на услуги
  • Лична карта на барателот на услуги

За подетални информации контактирајте не на: 

e-mail: domzananegotino@gmail.com

тел: +389 43 365 204 

адреса: ул.4-ти Јули бр.20 Неготино

 или пополнете го контакт формуларот 


ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН: 071 399 346

Галерија & Новости


Во Дом за нега на стари лица ЖАНА Неготино, покрај редовните активности се организираат чести посети од страна на различни здруженија на граѓани, различни образовни установи и др. 

Долгогодишното работење ни покажа дека корисниците особено се радуваат на излетите и прошетките коишто ги правиме надвор од установата и од тие причини наша вообичаена пракса ни е организирање на заеднички прошетки.

Сите активности на нашите корисници, како и негата и грижата од страна на нашите вработени може да ги следите на нашата страница на Facebook

 


Постоиме за вас!

Можете да не контактирате на долунаведените телефонски броеви: 

+389 43 365 204 

+389 71 399 347

+389 71 399 346 

на мејл адресата: domzananegotino@gmail.com

или со пополнување на контакт формуларот





РЕСПЕКТ, НАКЛОНЕТОСТ, ДОСТОИНСТВЕНА СТАРОСТ И ДОВЕРБА

Ова се зборови кон кои НИЕ се ориентираме.

Корисникот на услуги-ЧОВЕКОТ стои во центарот на нашето внимание.
Настојуваме секојдневно, за секоја ИНДИВИДУА, да креираме план согласно нивните потреби и истиот се стремиме да го реализираме во пријатна и топла атмосфера

Снежана Илова, сопственик Дом за нега на стари лица Жана Неготино


Сите активности на нашите корисници, како и негата и грижата од страна на нашите вработени може да ги следите на нашата страница на Facebook